Навикнати сме на бизарни ММА мечеви кои имаат огромна популарност, а по некое правило секогаш доаѓаат од источна Европа, но тоа што се случи во Полска во саботата навечер ги надминува сите граници.
Еден фајтер под име „Кунг Фу Панда“, решава да влее во кафезот против тројца противници во луд меч. Милош „Модлиха“ Влодковски, Мациеј „Швеху“ Швех и Норберт „Нетед“ Гразка влегуваат во рингот против еден фајтер во Ржешов, Полска, и можете да предвидите, исходот е очекуван.
Тој беше соборен по само неколку секунди, по што почна бруталната тепачка. Додека беше држен на подот, тој доби бројни удари во главата и во телото, пред судијата да го прекине мечот по 2 минути и 46 минути.
Swechu, Modlicha, and Neted vs. Kung Fu Panda pic.twitter.com/hQeihRz62v
— Streetfight Banned-cho (@streetfitebncho) July 31, 2021