Светската шампионка во скок во височина, Марија Ласицкене го критикуваше ИААФ и анти-допинг властите, откако му дозволија на светскиот шампион на 100 метри, Американецот Кристијан Колмен да настапи на СП во Катар и покрај тоа што тој пропушти три допинг-теста.
26-годишната Русинка, која во понеделникот третпат едноподруго стана светска шампионка во скок во височина, мораше да се натпреварува како неутрална спортистка по продолжувањето на суспензијата на Руската атлетска федерација (РУСАФ). Русите веќе четири години се натпреваруваат без своите национални симболи.
Ласицкене смета дека се работи за дволичност.
„Не можев да престанам да се чудам кога дознав дека Колмен доби дозвола да настапи. Кога ја слушнав реакцијата на претседателот на ИААФ, Себастијан Коу, уште повеќе се чудев. Против што се бориме? Каде одиме? Човекот пропушти три допинг-теста и не го крие тоа. Сега е светски шампион. Сега тој е новото лице на атлетиката? Се шегувате?“, вели Ласицкене.
Another outstanding display from Mariya Lasitskene. ?
She becomes the first athlete in history to win three successive high jump titles at the #WorldAthleticsChamps! pic.twitter.com/XGhRvVgtSu
— European Athletics (@EuroAthletics) September 30, 2019