ММА легедата Федор Емелианеко го нокаутираше својот американски ривал Тим Џонсон во пресметката во тешка категорија на Белатор 269 во Москва, останувајќи непоразен дома во својата долга кариера.
45-годишниот ветеран оствари нокаут победа против второрангираиот тешкаш во Белатор федерацијата, откако со низа силни удари го прати Американецот а грб во првата рунда на тоа што многумина сметаат дека е неговиот последен меч во кариерата. Ова е 40. победа во кариерата на „Последниот император“ во првиот меч од декември 2019 кога го победи Квинтон Џексон во Јапонија.
„Не сум го видел Тим да биде нокаутиран вака. Федор има остварено се во ММА, така што самиот ќе одлучи дали ќе продолжи, но сега е кандидат за титулата“, вели шефот на Белатор, Скот Кокер.
Let’s see that in slow-mo! ??
Fedor Emelianenko remains undefeated at home.??#Bellator269 pic.twitter.com/vOaZOSuMCS
— BellatorMMA (@BellatorMMA) October 23, 2021
?The Last Emperor scores the KO in Moscow!
What a moment for Fedor, in Bellator’s historic first Russian event.#Bellator269 pic.twitter.com/gZq4pH5bMa
— BellatorMMA (@BellatorMMA) October 23, 2021