Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви од неговите фанови за побрзо оздравување.
„Од сите фанови бараме да пратат молитви за мојот прекрасен сопруг Леон за да може да ги надмине пречките кои се пред него“, напиша неговата сопруга Бренда на социјалните мрежи.
Според американскиот веб-сајт „ТМЗ“, 66-годишниот Спинкс се бори за живот, иако деталите за неговата болест не се познати.
Спинкс ја освои светската титула кога го шокираше Мухамед Али на поени по 15 рунди во 1978 година за да ги освои ВБА и ВБЦ појасите. Тоа беше само осми професионален меч за него, а тој ги загуби трофеите од Али во ри-мечот, пред во 1981 година да загуби во нова борба за титулата со Лери Холмс. Покрај тоа тој боксуваше и за крузер титулата во 1986 година и беше во рингот до 1995, за да се пензионира со 26-3-17 скор и да влезе во „Куќата на славните“ во 2017 година.
Спинкс, кој беше американски маринец од 1973 до 1976 година, во 2014 беше хоспитализиран со проблеми со внатрешните органи, а во 2012 година беше потврдено дека страда од намалување на мозочната маса како резултат на ударите кои ги добивал во глава во текот на боксерската кариера.