Поранешниот хрватски тенисер, а сега тренер и советник на Роџер Федерер, Иван Љубичиќ вели дека организаторите на Ролан Гарос не направиле доволно да се одбележи големината на Рафаел Надал и дека една статуа не е доволна, туку централниот терен во Париз, „Филип Шартие“ треба да го носи името на шпанскиот тенисер.
Надал вчера стигна до својата 14. титула од Ролан Гарос и вкупно 22. гренд слем титула, запишувајќи се во историјата како најуспешен тенисер на сите времиња.
„Малку тенисери воопшто играле 14 турнири на Ролан Гарос. Тој го освои 14 пати. Нема зборови да се опише ова остварување. Мислам дека стариот добар Филип нема да се лути ако неговиот терен го носи името на Рафаел Надал – статуа не е доволна“, напиша Љубичиќ на Твитер.
Not many PLAYED 14 @rolandgarros tournaments. He won it 14 times. There is no word to describe this feat. Don't think good old Phillippe would mind if his court changes the name to Rafael Nadal – statue is not enough
— Ivan Ljubicic (@theljubicic) June 5, 2022