Од Русија повторно ни доаѓа некоја неверојатна вест. Овојпат младите атлетичари кои беа на патеката на јуниорското натпреварување во Киров имаа среќа што останаа живи откако дел од покривот на халата се сруши во моментот кога тие поминуваа токму во тој дел.
Драматичната снимка на арената „Вересники“ покажува како младите тркачи (10-11 години) поминуваат во истиот момент кога покривот под тешката снежна покривка се руши. Уште поневеројатно, тие ја продолжија трката!
Сите трки потоа беа откажани, а случката ги разлути локалните жители, бидејќи се работи за новоизградена спортска арена.