Легендарниот поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон призна дека би сакал да му биде тренер на ексшампионот од УФЦ, Френсис Нгану пред неговиот меч против Тајсон Фјури.
ММА ѕвездата ќе дебитира во боксерскиот ринг против ВБЦ шампионот во тешка категорија во меч од 10 рунди во Саудиска Арабија на 28 октомври, и пристигнува во спортот со репутација на човек со најсилен удар во УФЦ по нокаут победите над Алистер Оверим, Жаирзињо Розенстрајк и Стипе Миочиќ. Нгану во минатото се сретна Тајсон, кој сега вели дека со добра подготовка, Камерунецот може да направи изненадување.
„Мислам дека тоа е возможно. Тој има навистина силен удар. Би сакал да му помогнам, да му бидам тренер. Таа идеја ми се допаѓа. Советите секогаш доаѓаат добро“, вели Тајсон.