Марк Спиц, легендарниот освојувач на седум златни медали на Олимпијадата во Минхен во 1972 година со своите 70 години го исполни предизвикот на американската пливачка Кејти Ледецки за пливање со чаша на главата.
Ледецки успеа да исплива цел базен со чаша млеко на главата, која потоа ја испи, а овој предизвик веднаш го прифатија голем број на пливачки легенди, како Австралијката Сузи О’Нил и Американецот Мат Гриверс.
Спиц, чиј рекорд од Минхен траеше до 2008 година кога Мајкл Фелпс освои осум злата, во својот домашен базен направи 10 удари со совршен баланс со чаша вода на главата.
Олимписки подвиг – Ледецки исплива цел базен со чаша млеко на главата!