Австриецот Марко Шварц триумфираше на трката во алпска комбинација во Венген во петокот, откако го заддржа водството од слаломот (кој овојпат се возеше прв) со солиден спуст на Лауберхорн во дисциплината која ризикува да го загуби статусот на олимписки спорт.
Шварц беше побрз 0.42 секунди пред Французинот Виктор Муфа-Жанде, освојувачот на олимписка бронза од 2018, додека трет беше уште еден Французин, Алексис Пинтуро со 1.12 секунди послабо време.
Алпската комбинација може да го загуби местото на Олимпијадите и на Светските првенства по СП во Шведска следниот месец, и да биде заменета со поатрактивната дисциплина паралелен слалом.
Ова може да му одговара на 23-годишниот Шварц, кој својата прва победа од СК го оствари на Нова Година во Осло во паралелен велеслалом. Оваа година Шварц, еднаш најнадежниот австриски скијач, конечно го остварува својот потенцијал, откако беше и второпласиран во слаломот во Мадона ди Кампиљо минатиот месец, а минатите две недели имаше водство во слаломски трки по првото возење, за да „утне“ врата во второто.
Фото: ЕПА