Поранешниот светски првак во бокс, во пет различни категории, Флојд Мејведер, ќе се бори против кик-боксерот Теншин Насукава на 31.декември. Мејведер го потпишал договорот со компанијата задолжена за мешани боречки вештини.
Мејвејдер, кој кариерата ја заврши без пораз, се врати во рингот во август 2017 година, кога ги вкрсти ракавиците со УФЦ борецот Конор Мекгрегор.
Изминатите недели се шпекулира дека тој би можел да се бори против уште еден УФЦ борец, Хабиб Нумагомедов, а не е исклучен ниту бокс меч против неговиот голем ривал Мани Пакјао.
Сепак, изборот на Мејвејдер и неговиот тим е Јапонецот Насукава.
„Сакав да направам нешто поинакво“, рекол 41-годишниот Американец, кој во кариерата забележал 50 победи.
„Сакам своите вештини да им ги покажам и на луѓето надвор од САД. Сакм да им дадам на луѓето она то го сакаат, а тоа е крв, пот и солзи“.
Форматот и правилата по кои ќе се борат Мејвејдер и Насукава ќе бидат дополнително одредени.