Top Sport

Менаџерот на Конор прифаќа ри-меч со Хабиб во Москва

Тренерот на Конор Мекгрегор, Џон Кавана вели дека би сакал да ја посети Москва откако таткото на УФЦ шампионот, Хабиб Нурмагомедов изјави дека би бил можен ри-меч со Ирецот следната година на „руско тло“.

Првиот меч меѓу двете најголеми УФЦ ѕвезди во октомври беше најгледаниот ММА меч во историјата, во кој Нурмагомедов го победи Мекгрегор, а потоа настана општа тепачка за што двајцата фајтери добија суспензии. Сега, по сите контроверзи, навреди и повикувања преку медиумите и социјални мрежи, ситуацијата се смири и ри-мечот е сè поизгледен

Предизвикот на Абдулманап Нурмагомедов е прифатен, откако Кавана на Твитер јасно порача: „Би сакал да ја посетам Москва“. Ри-мечот, секако, би донел огромни пари за двајцата, а УФЦ минатата година дебитираше во Русија и веќе оддржа неколку мечеви.

Таткото на Хабиб најави: Ако сака Мекгрегор, Москва го чека во 2020!

Scroll to Top