Двете сениорски одбојкарски репрезентации за два дена ќе ја почнат новата авантура во Европската лига. Мажите за првпат ќе играат во Златната Европска лига, а дамите ќе дебитираат во сребрениот квалитативен сегмент од континенталното натпреварување.
Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен од подготовките на машкиот национален тим.
„Сега сме на едно повисоко ниво со формата од самиот старт на подготовките, и тоа беше посакуваната цел во оваа фаза. Знаеме дека не чекаат тешки натпревари против силни противници, но подготвени сме за дуелот со Украина. Настапот во Златната лига ќе ни биде еден вид генерална подготовка за главниот настан, Европското првенство во Скопје во август и септември“, изјави Јошко Миленкоски пред дуелот со Украина кој ќе се игра во Полска.
Македонија, како што е познато, ќе ја организира една од групите на Европското првенство.
НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЗЛАТНАТА ЕВРОПСКА ЛИГА
Украина – МАКЕДОНИЈА (27 мај)
МАКЕДОНИЈА – Белгија (31 мај)
МАКЕДОНИЈА – Хрватска (3 јуни)
Белгија – МАКЕДОНИЈА (10 јуни)
Хрватска – МАКЕДОНИЈА (14 јуни)
МАКЕДОНИЈА – Украина (18 јуни)