Околу вечниот фаворит на боксерските фанови, Мајк Тајсон, има безброј приказни, од кои можеби најинтересната е кога влетал во канцеларијата на сегашниот американски претседател, а тогаш „само“ бизнисмен и го прашал: „Дали ми ја е.еш жената?“.
Авторот Тим О’Брајан во својата книга „Трампнација“ тврди дека додека Тајсон бил во брак со актерката Робин Гивенс, влетал во канцеларијата на Трамп во Њујорк и побарал одговор на тоа дали спие со неговата сопруга.
„Се смрнав, мртов сум. Немам шанси. Тука е шампионот во тешка категорија пред мене“, се потсетува Трамп во книгата, но во неа не се кажува одговорот на Трамп.
Трамп и Тајсон имаат историја зад себе, откако Трамп едно време му беше советник на „Челичниот“, а беше и финансиер на незаборавниот меч на Тајсон против Мајкл Спинкс во 1988, кога го нокаутираше за само 91 секунда.
Тајсон и Гивенс беа во брак само една година, во 1988, кога според Тајсон актерката тврдела дека е трудна. Тој сега е оженет по третпат со Лакиха Спајсер.