Top Sport

Надал експресно го победи Тијафо

Рафаел Надал, вториот носител на Австралија опен, на доминантен начин избори пласман во четврт-финалето. Шпанецот за помалку од два часа го декласира Американецот Френсис Тијафо со 6/3, 6/4, 6/2.

21-годишниот Американец, со исклучок на еден гем во вториот сет, немаше никакви шанси против „Бикот од Мајорка“. Рафа секој од трите сета ги отвори со брејк, со што дополнително му ја уриваше самодовербата на Американецот.

Надал во полу-финалето ќе игра против сензацијата од Грција, Стефанос Циципас, кој по победата над Роџер Федерер, во четврт-финалето успеа да го победи и Роберто Баутиста-Агут.

Надал и Циципас ќе играат в четврток, во вечерниот термин, односно од 9:30 часот по македонско време.

Утре ќе биде формирана втората полу-финална двојка, од 4:30 часот ќе играат Милош Раониќ и Лука Пуи, а од 9.30 часот својот меч ќе го започнат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.

Scroll to Top