Светскиот број 1, Рафаел Надал потврди дека нема да учествува на азиските АТП есенски турнири во обид да се опорави од повредата на коленот која ја доби на САД опен, одлука по која Новак Ѓоковиќ е многу блиску на крајот на годината да го освои првото место на АТП листата.
Надал се повлече во полуфиналето на Флешинг Медоуз против Хуан Мартин дел Потро, по што изјави дека се работи за тендинитис во десното колено и сега нема да игра на турнирите во Пекинг и Шангај.
„Морав да се повлечам од Њујорк и по советувањето со лекарите во Барселона решивме да не учествуваме на азиската турнеја. Проблемите со коленото не се нови за мене“, напиша Надал на Твитер.
Шпанецот има 8.760 поени на врвот на АТП-листата, 1.860 пред Роџер Федерер и 2.315 пред Ѓоковиќ. Бидејќи Швајцарецот има редуциран календар (лани играше само во Шангај, Базил и на АТП финалето), Ѓоковиќ станува нов фаворит за првото место.