Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, смета дека на „белиот спорт“, му се неопходни промени што ќа ја гарантираат атрактивноста.
Надал, на мастерсот во Париз, му го препушти првото место на АТП листата на Новак Ѓоковиќ, откако поради повредата на стомачните мускули, не го одигра мечот со сонародникот Фернандо Вердаско.
„Немам некоја конкретна идеја, но во некој момент ќе започнете ра да размислувате за сервисот. Играчите се физички посилни и доколку во наредните години не најдеме добро решение стравувам дека тенисерите ќе се потпираат само на своите физички предиспозиции. Тоа може да биде опасно“, рекол Шпанецот.
Потоа, новинарите го прашале Надал дали проблемот би бил решен со укинувањето на вториот сервис.
„Тоа не е лоша идеја“, рекол Надал.