„Најсекси“ атлетичарката на светот, Германката Алиса Шмид го уништи поранешниот освојувач на Светското првенство, Матс Хумелс во трка на 400 метри, на тестирањето на способностите на фудбалерите на Борусија Дортмунд.
Русокосата тркачка на средни патеки како главен спонзор го има германскиот производител на спортска облека „Пума“, кои исто така се спонзори на Борусија и таа имаше шанса да се тестира со повеќе фудбалери на „Сигнал Идуна Парк“.
Хумелс и неговите соиграчи Томас Муние, Феликс Паслак и Мануел Аканџи се приклучија на Шмид на серија вежби, а Хумелс имаше шанса и да се трка на 400 метри, признавајќи потоа дека ја „потценил“ трката.
Дали Алиса Шмид е најсекси атлетичарката на светот? (галерија)