Еди Хол и „Планината“ Хафтор Бјорнсон, своето долгогодишно ривалство ќе го „разрешат“ во боксерски ринг во септември 2021 година, во дуел кој се најавува како „најтешкиот меч“ во историјата.
Исланѓанецот Бјорнсон, кој стана славен по улогата на „Планината“ во „Игра на тронови“ во текот на викендот го сруши рекордот во кревање товар на Еди Хол, кревајќи 501 килограм во „дедлифт“ кревање, по што го предизвика Британецот на боксерски меч.
Сега, Тор на Инстаграм потврди дека се договориле за меч.
„Сега е официјално. Септември 2021 година во Лас Вегас, Невада, Планината против Ѕверот. Следната година и пол од мојата кариера ќе биде посветена само на овој меч. Едвај чекам пред моето семејство да го фрлам на подот. Доаѓам по тебе Еди Хол“, напиша Тор.
Хол исто така ја сподели истата фотографија на Инстаграм со порака: „Сега е официјално – јас против Тор во Лас Вегас“. Хол во 2017 година стана првиот човек кој кренал 500 килограми, а двајцата се поранешни шампиони во „Стронгест мен“, односно најсилни луѓе на светот.
„Планината“ од „Игра на тронови“ крена 501 килограм за светски рекорд (видео)