Младата Јапонка, Наоми Осака, ја освои титулата на последниот гренд слем во сезоната Ју-Ес Опен. Осака, во финалето, што ќе предизвика многу полемики, ја победи Серена Вилијамс со 6:2, 6:4. 21-годишната Јапонка за најголемиот успех во кариерата ќе биде нагрдена со нешто помалку од четири милиони долари.
Осака, одигра атомски тенис во првиот сет, максимално ја искористи нервозната игра на Серена и со два брејка лесно го доби првиот сет со 6:2.
Вториот сет донесе вистинска драма и сцени што ретко се гледат на тениските терени. Серена беше таа што прва направи брејк и повреде со 3:1. Иако, во тие моменти делуваше дека Американката ја има ситуацијата под контрола и дека ќе има и трет сет, Осака веднаш возврати со рибрејк.
Во тие моменти Серена „полуде“, го искрши рекетот, а бидејќи доби две опомени од судијата Карлос Рамос, тој и одзеде еден поен и Осака шестиот гем го започна со 15:0. Јапонката, потоа без поголеми проблеми израмни на 3:3, а во наредниот гем успеа да ја искористи нервозата кај Американката и да направи нов брејк.
Тогаш Срена Вилијамс целосно ја загуби контролата, влезе во расправија со судијата, го нарече „крадец“, а тој и одзеде цел гем, а Осака стигна до предност 5:3. Во наредниот гем Американката намали на 5:4, а потоа Осака ја искористи третата меч топка и го оствари најголемиот успех во кариерата.