Top Sport

Навивачите на Звезда го бркаат ватерполо тренерот поради тоа што е Хрват!

Навивачите на Црвена звезда јасно го искажаа своето мислење за новиот тренер на ватерполо клубот, Хрватот Мирко Вичевиќ, поставувајќи навредувачки транспаренти и извикувајќи го името на воениот злосторник Ратко Младиќ за време на 13:6 победата над Шабац во меч од српската лига.

„Шиптар, Хрват, Балија, не се моја братија“, беше скандалозниот транспарент кој го покажаа „Делиите“.

Вичевиќ, иако доаѓа од Црна Гора, е Хрват по националност и е претседател на Хрватското градско друштво во Котор. Со репрезентацијата на поранешна Југославија тој во 1988 година освои злато на Олимписките игри во Сеул и е најтрофејниот црногорски ватерполист.

Scroll to Top