Тениската легенда Мартина Навратилова во својата кариера мораше да надмине многу пречки околу нејзиниот изглед и нејзината сексуалност, но сега стана „мета“ на критичарите откако изјави дека на мажите кои се „прогласуваат“ за жени не треба да им биде дозволено да се натпреваруваат против жените.
Ова таа го напиша на Твитер откако беше запрашана што мисли за трансродовите спортисти.
„Тоа не може да биде исправно. Не можеш само да кажеш дека си женско и да се натпреваруваш против вистински жени. Мора да има некои стандарди, и ако имаш пенис и се натпреваруваш како женско не спаѓа во тие стандарди“, напиша Навратилова.
По ова 62-годишната Американка со чешко потекло беше критикувана дека ги дискриминира трансродовите спортисти, а по повеќето барања да се извини, таа го избриша постот.
Umm…
…wow. Martina, engaging with you and holding you accountable for your public transphobic comments is not ‘bullying,’ and is not ‘nasty.’ I hope you see your way to regretting how you’ve handled this.
— Dr. Rachel McKinnon (@rachelvmckinnon) December 21, 2018
Канаѓанката Рејчел Меккинон, која е трансродова велосипедистка, беше најгласна во критиките обвинувајќи ја тениската легенда за „трансфобни коментари“. Иронијата е поголема поради тоа што Навратилова беше една од првите тенисерки која отворено призна дека е хомосексуалец и беше дел од многуте ЛГБТ кампањи. На крајот, таа мораше да се извини и да додаде дека треба да се „едуцира“ околу темата и додека не го направи тоа ќе биде „тивка“.
I am sorry if I said anything anywhere near transphobic- certainly I meant no harm – I will educate myself better on this issue but meantime I will be quiet about it. Thank you
— Martina Navratilova (@Martina) December 21, 2018
Фото: ЕПА