Top Sport

Не му доаѓа памет! Двалишвили се врати за „ри-меч“ со замрзнатото езеро!

Грузиската УФЦ ѕведа, Мераб Двалишвили покажа дека ја заддржал смислата за хумор откако се врати за „римеч“ со зармзнатото езеро кое му предизвика опасна повреда на главата и заглавување во болница оваа недела.

Двалишвили стана атракција на социјалните мрежи откако објави видео во кое се обидува да скокне во езеро полно со снег, пред болно да дознае дека тоа е замрзнато и доби повреда на главата. 30-годишниот Двалишвили, кој е 12-рангиран во бантам категоријата на УФЦ, потоа призна дека морал да оди во болница на шиење.

Но, тој не дозволи ова да го обесхрабри и се врати за втора рунда, овојпат со штитник за бокс на главата и ракавици.

„Момци, се надевам дека сте добро. Направив грешка, скокнав во замрзнато езеро, мислејќи дека е само снег. Се надевам дека сите добро се насмеавте. Ова видео е исто такво“, изјави Двалишвили.

УФЦ борец скокна на глава во замрзнато езеро, излезе крвав!

Scroll to Top