Top Sport

Нема крај со него – Беноа Пер казнет за „неиграње“, одговара – ич не ми е гајле

Фрацузинот Беноа Пер, светскиот рекет број 46., познат по своите испади на тениските терени последните неколку години, доби казна од судијата за недостаток на трудење при поразот во првото коло против Аргентинецот Диего Шварцман во првото коло на Вимблдон, во кое освои само пет поени во третиот сет.

Пер и Шварцман го почнаа мечот во понеделникот, пред да дојде пауза поради дождот, и Шварцман имаше 6:3/6:4 водство кога мечот продолжи. Откако ги загуби првите пет гема од третиот сет, Пер шестиот гем го отвори со два ретурни во мрежа, по што судијата Мохамед Лахјани го казни. Пер потоа отиде до неговото столче, тврдеше дека има болки и бараше физиотерапевт, но Лахјани не му дозволи и побара од него да покаже малку спортски дух.

„Не ми е грижа за луѓето. Играм за мене и за никој друг. Не играм за луѓето“, изјави Пер на прес-конференцијата.

Тој има победи во само два меча оваа сезона и нема победа од Мастерсот во Мадрид. Пер претходно предизвика многу контроверзи по изјавите дека игра само за пари.

Таман мислевме престанал да се глупира, ново „шоу“ од Беноа Пер

Беноа Пер пак се „глупираше“, Бартоли бара казна за него

Французите го суспендираа Пер – Контроверзниот тенисер нема да игра на ОИ

Scroll to Top