Менаџерот на Ентони Џошуа, Еди Херн вели дека нема да има одложување во римечот помешу неговиот боксер и украинскиот шампион Олександер Усик во мај или јуни и покрај тоа што боксерот се врати во Украина и се пријави во територијалната одбрана.
Усик, кој ги одзеде ИБФ, ВБО и ВБА титулите во тешка категорија од Џошуа во септември, се врати во Украина откако престојуваше во Лондон за да ги заврши преговорите за мечот, откако Џошуа ја активираше клаузулата за римеч.
„Иако ми е тешко да го кажам ова поради ситуацијата, одиме според распоредот. Никој од тимот на Усик не ми кажал дека ќе има некакви проблеми. Знам дека тој во моментов има поважни работи и го респектирам тоа, но се подготвуваме за мај или почетокот на јуни. Очекувам бргу да дојдеме до датум со неговиот промотер Алекс Красјук, најдоцна за недела-две“, вели Херн.