Данил Медведев не сопира! 23-годишниот Русин, кој веќе се пласираше на АТП финалето во Лондон по фантастичната летна серија, стигна до својата трета титула во 2019 година, откако со 6:3/6:1 на домашен терен го победи Борна Чориќ за трофејот од Санкт Петербург опен.
За Медведев ова беше петти последователен настап во финале, откако загуби во Вашингтон, Монтреал и на САД опен, а победи во Синсинати во текот на американската турнеја. Светскиот рекет број 4 сега има 24 победи во 27 меча и вкупно 54-17 скор оваа сезона. Ова е шеста титула во кариерата на Медевев, кој исто така е првиот Русин со титулата на домашниот турнир по Михаил Јужни пред 15 години.
Чориќ имаше 4-1 скор против Медведев, но Русинот покажа колку е напредната неговата игра, откако направи два брејка против 22-годишниот противник. Со уште два брејка во вториот сет, тој стигна до титулата, 250 АТП поени и 203.410 долари награда.
Daniil Medvedev is not human ?
Seriously how does he do this?!@DaniilMedwed #FormulaTX pic.twitter.com/4lEzhNevjO
— Tennis TV (@TennisTV) September 21, 2019