Top Sport

НФЛ играч доби отказ откако се обиде да „прошверцува“ жена во тимскиот хотел

Сиетл сихокс му го раскинаа договорот на дебитантот корнербек Кема Сиверанд, откако тој бил „фатен“ на видео како се обидува да „прошверцува“ една девојка во тимскиот хотел на тимот. Жената носела опрема на Сихокс во обид да се прикрие како играч на тимот.

Сиверанд го доби својот прв НФЛ договор во април оваа година откако последните две години настапуваше за Оклахома стејт. Според правилата на НФЛ, поради пандемијата на корона вирусот во тимските кампови и хотели им е дозволен пристап само на играчите.

„Прво правило е да се заштити тимот. Потребна ни е дисциплина секој ден, а на играчите им порачав да ги води совеста“, вели тренерот на тимот, Пит Керол.

Scroll to Top