Швајцарката Приска Нуфер покажа дека никогаш не е доцна за успех, откако стигна до својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, триумфирајќи на спустот на домашен снег во Кран-Монтана.
За Нуфер ова е прв подиум по речиси 150 трки, во трка во која беше подобра од три освојувачки на олимписки злата. Нуфер беше за 0.11 секунди побрза од Естер Ледецка (која победи на спустот во сабота), додека Софија Гоџа беше трета со 0.22 секунди, пред освојувачката на олимпиското злато Корин Зутер со 0.27 секунди послабо време.
Во 10-годишната кариера на Светскиот куп, Нуфер немаше топ 5 пласман до четвртото место во саботата на истата патека Мон Лошо. Таа беше во олимпискиот тим на Швајцарија, но не беше избрана во спустот, ниту во супер-џи трката, каде што победија нејзините сонароднички Зутер и Лара Гут-Бехрами.
Бидејќи Микаела Шифрин ги „прескокна“ двата спуста во Швајцарија, словачката скијачка Петра Влхова со 16. место се израмни со неа во генерален пласман.