Новак Ѓоковиќ го победи Марин Чилиќ во три тешки сета по 2 и пол часа игра, за со 6:4/3:6/6:3 победата да обезбеди финале на Мастерсот во Синсинати, единствениот кој го нема освоено.
Сега, Србинот ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Белгиецот Давид Гофан, за во финалето утре да го брка деветтиот Мастерс кој му недостасува во кариерата.
Мечот беше израмнет во првите два сета, пред Ѓоковиќ конечно да оствари два брејка во третиот сет, за да го совлада хрватскиот тенисер 15-ти пат во 18-те меѓусебни дуели.
Ова ќе биде шесто финале на Ѓоковиќ на турнирот во Охајо, и ако победи ќе стане првиот тенисер во Опен ерата кој го остварил „златниот Мастерс“, односно донел дома трофеј од деветте турнири (Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим, Торонто, Синсинати, Шангај и Париз).