Top Sport

Ново полско ММА шоу – „Полскиот Кен“ истепа студентка

Љубителите на ММА борбите знаат дека во Полска се случуваат најлудите борби во кафезот, така што не изненадува борбата меѓу „Полскиот Кен“ и жена, во кој мажот очекувано стигна до победа.

Промотивната куќа „ММА-ВИП“ е позната по борбите помеѓу славните личности во оваа земја, и овојпат во кафезот влегоа Михал Пжибилович, манекен познат како „Полскиот Кен“ поради бројните пластични операции и сличноста со куклата со исто име, и студентката Викторија Домжалска, ќерка на најпознатиот полски триатлонец Томаш Домжалски.

Секако, мечот во кратки црти беше ужасен, откако двајцата покажаа дека немаат искуство со борбените спортови, за на крајот Кен да победи по само 40-тина секунди.

„Кунг-фу панда“ ММА лудост во Полска – тројца против еден!

ММА полска лудост – ја провоцираше со пластичен пенис, па изеде невиден ќотек во кафезот

Scroll to Top