Top Sport

Осака најавува крај на кариерата

Наоми Осака го заврши настапот на ју-ес опен. Бранителката на титулата испадна од 18-годишната Канаѓанка Лејла Фернадес со 5/7, 7/6, 6/4.

Осака не успа да победи и покрај тоа што имаше 37 директни поени, 15 од нив со ас сервиси. По поразот таа како да го најави крајот на кариерата.

„Кога победувам не сум среќна туку само чувствувам олеснување. Кога сум поразена тогаш сум тажна и мислам дека се ова што се слуува не е нормално. Се наоѓам во период од животот во кој морам да решам што сакам да правам. Искрено, не знам кога повторно ќе играм тенис. Мислам дека ќе семам подолга пауза“, им изјавила Осака на новинарите во Њујорк.

Јапонката, пред почетокот на Ролан Гарос имаше проблеми со депресијата. Тогаш порача дека нема да доаѓа на задолжителните прес конференции. Откако доби парична казна од организаторот, таа се повлече од турнирот.

Не играше на Вимблдон, а настапи на Олимписките игри и сега на Ју-ес опен.

Scroll to Top