Јон Рахм (29), голфер од Шпанија, е новиот најплатен спортист во светот. Тој потпиша договор вреден 555 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија. Кога ќе се спојат платите на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, сумата е помала од онаа што годишно ќе ја добива Рахм. Роналдо има плата од 200 милиони евра, а Меси од 150 милиони евра.
Тајгер Вудс одби речиси милијарда евра, но Рахм не сакаше да ја пропушти шансата и се согласи на нешто повеќе од половина милијарда. Интересно, лани во една совја изјава рече дека нема намера да замине од ПГА.
„Не би ја напуштил PGA Tour доколку ми понудат 300 милиони евра. Парите се одлични, но тогаш јас и мојата сопруга се запрашавме: Дали нашите животи ќе се променат ако ги добиеме тие пари? Воопшто. Искрено, ако сега се пензионирав, би можел да живеам удобно до крајот на мојот живот од она што сум го заработил досега. Никогаш не сум играл голф од финансиски причини. Играм од љубов и сакам да играм против најдобрите во светот. Отсекогаш ме интересирало спортската историја на славните личности и наследството што легендарните спортисти го оставаат зад себе, а во моментов PGA Tour ми го дава тоа“.
Рахм е трет на светската ранг-листа и Мастерси шампион и сега влезе во историјата со три пати поголем договор од оној што Саудијците му го платија на шесткратниот шампион Фил Микелсон пред 18 месеци.
ЛИВ сакаше да го направи Тајгер Вудс најплатен играч досега, но тој ја одби понудата на Саудијците од 920 милиони евра, додека Рори Мекилрој ги одби нивните 290 милиони евра.
Секој турнир организиран од ЛИВ следната година има главна награда од повеќе од 3,5 милиони евра, па Рахм може многу да ја надмине и онака лудата сума што му е загарантирана.