Top Sport

Петкратната олимписка шампионка најави крај на кариерата

Петкратната олимписка шампионка во пливање, американката Дејна Волмер, најавила крај на кариерата. Таа ќе се пензионира наредниот викенд по завршувањето на националното првенство.

Најуспешна година во кариерата на Волмер е олимписката 2012. Во Лондон таа го постигна најголемиот успех во кариерата на 100 метри пеперутка кога до златниот медали дојде со тогаш нов светски рекорд. Останатите четири златни медали ги има освоено во штафетните трки.

Вкупно во кариерата има освоено седум олимписки медали, меѓу кои по еден златен, сребрен и бронзен на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Scroll to Top