Американката Микаела Шифрин победи на трката во паралелниот слалом во Сент Мориц. Шифрин победи 48.пат во кариерата, а петти оваа сезона.
Американката во големото финале беше подобра од Петра Влахова од Словачка за 0,11 секунди. На третото место заврши Венди Холденер. Таа во малото финале беше побрза од Катарина Линзбергер.
Меѓу најдобрите осум се пласираа уште Нина Лесерт од Норвешка, Стефани Бринер од Австрија, Ерин Милжински од канада и Лена Дуер од Германија.
Во генералниот пласман води Шифрин со 589 бода, втора е Мишел Гисин од Швајцарија со 300 бода помалку.