Адам Пити стана првиот човек што успеал да ја преплива делницата на 100 метри градно со време под 57 секунди.
Олимпискиот шампион кој е непоразен во последните пет години на големите натпреварувања успеа да го подобри сопствениот светски рекорд 57.10 секунди поставен во Глазгов.
Пити на светското првенство во Јужна Кореја делницата од 100 метри ја препливал за 56.88 секунди. Новиот светски рекорд на 100 метри градно Пити го постави во полу-финалето.