Хафтор Јулиус Бјорнсон, попознат како „Планината“ по петти пат ја освои европската титула за најсилен човек.
Исланѓанецот Бјорнсон е најпознат по улогата на „Планината“ во „Игра на тронови“, а во Лидс во понеделникот ја прослави својата нова победа.
„По петти пат најсилен човек во Европа. Пресреќен сум што имам фантастичен тим зад мене. Благодарам на моето семејство, мојата прекрасна сопруга и сите пријатели“, напиша Бјорнсон на Инстаграм.
Бјорнсон крена и држеше 770 фунти, или нешто помалку од 350 килограми. Покрај ова тој фрлаше стебло, гума, креваше огромен камен и го помина тестот „Кулите на Херкул“, во кое држеше два ланци за да сопре да паднат два камења од над 160 килограми.