Top Sport

Почина доајенот на македонското алпско скијање, Иван Лесевски

Македонското алпско скијање денеска го загуби својот доајен Иван Лесевски. Тој ненадејно почина во 69. година од животот, информираат од Скијачката федерација на Македонија.

Лесевски ќе биде запаметен како еден од најголемите скијачки работници во Македонија, уште од периодот на поранешна Југославија, но и по осамостојувањето. Беше носител на најголемите функции, селекторски и тренерски, и беше организатор на најголемите скијачки настани во Македонија изминатите децении.

Scroll to Top