Поранешниот претседател на ИААФ, Интернационалната асоцијација на атлетски федерации, Сенегалецот Ламине Диак почина на 88 години.
Сенегалскиот претседател Маки Сал на социјалните мрежи сподели дека Сенегал загубил еден од своите најдобри, како поранешен градоначалник на Дакар и претседател на ИААФ.
Диак беше претседател на ИААФ (сега преименувани во Ворлд атлетикс) од 1999 до 2015 година, пред да си замине во ноември 2015 по обвинувањата дека примил мито за да ги прикрие позитивните тестови на руските спортисти, дозволувајќи им настап на Олимпијадата во Лондон во 2012.
Во 2020, Диак беше осуден на четири години затвор во Франција за поврзаност во рускиот допинг-скандал, но не беше во затвор, поминувајќи го времето во куќен притвор од 2015 година, по што беше ослободен и во мај се врати во својата татковина.