Водечките тениски организации потврдија дека финансиски ќе им помогнат на сите послабо рангирани тенисери и тенисерки. Кампањата да им се помогне имаат проблеми со финансиите поради пандемијата на коронавирусот ја покрена најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ.
Во фондот за помош ќе има шест милиони долари. Овие пари ќе бидат распределени на сметките на околу 800 тенисери и тенисерки од АТП и ВТА.
Програмата за финансика помош ја поддржале АТП, ВТА, ИТФ и челниците на четирите Гренд слем турнири.
Парите ќе бидат распределени според пласманот на ранг-листите и според она што тенисерите и тенисерките претходно го заработиле.