Соединетите Американски Држави по пауза од седумнаесет години оваа сезона повторно ќе бидат домаќини на завршниот тениски турнир во женска конкуренција. Најдобрите осум тенисерки ќе се борат за титулата во Форт Ворт.
Шампионскиот тофеј лани заврши во рацете на Гарбине Мугуруза, а веќе се познати групите за оваа година. Натпреварите започнуваат на 31 октомври, а ќе завршат со големото финале, кое е закажано за 7 ноември.
Во групата „Трејси Остин“ се наоѓаа Ига Швојнтек, Коко Гоф, Каролин Гарсија и Дарја Касаткина.
Во групата „Ненси Ричи“ ќе играат Онс Жабер, Џесика Пегула, Марија Сакари и Арина Сабаленка.