На Светското првенство во ватерполо, што се одржува во Гвангжу, Јужна Кореја, познати се полу-финалните двојки. Хрватска која ја брани титулата ќе игра против Шпанија, додека во второто полу-финале ќе се сретнат Унгарија и Италија.
Четврт-финалните натпревари во Гавнгжу донесоа драматични мечеви и пласман на фаворитите во борбата за медали.
Шпанија ја совлада подмладената репрезентација на Србија со 12-9. Србите на СП играат без седум мина стандардни играчи бидејќи веќе изборија пласман на олимписките игри.
Светските шампиони, Хрватите се мечеа, но сепак ја победија Германија 10-8. Драмтично беше и на натпреварот Унгарија-Австралија кој Унгарците го добија 10-9, а за еден гол и Италија беше подобра од Грција. Италијаните победиј 7-6.
Полу-финалните мечеви се играат в четврток.