Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт не успеа да се возддржи и го прокоментира најавениот камбек на Оскар де ла Хоја во рингот.
47-годишниот Де ла Хоја, шампионот во шест тежински категории кој е во пензија по поразот од Мани Пакјао во декември 2008 година, најави дека се враќа во боксот, како последен од ветераните по Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд и Реј Џонс Јуниор.
Вајт и Де ла Хоја во минатото беа блиски пријатели, но подоцна станаа лути ривали, наводно поради обидот на Вајт да влезе во светот на боксот. Вајт неодамна го опиша Де ла Хоја како „ѓубре, лажго и комплетен морон“, а сега имаше оригинален коментар за неговото враќање.
„Кокаинот не е евтин! Скап е и мора да заработуваш пари“, одговори Вајт.
Де ла Хоја во минатото призна дека имал проблеми со алкохолот и кокаинот.