Британецот Енди Мареј избори пласман во финалето на АТп турнирот во Антверпен. Во полу-финалето Британецот го победи Иго Умбер со 2:1 (3:6, 7:5, 6:2).
Некогашниот број 1 за титулата во Антверпен ќе се бори со Стан Вавринка. Марај кој долго време се мачеше со повреда последен пат играл финале во март 2017 година.
Против Убер тој лошо одигра во завршницата на првиот сет, најпрвин не искористи две брејк топки во осмиот гем, а во наредниот не успеа да го задржи сервисот и му дозволи на противникот водство во сетови.
Во вториот Мареј направи брејк во четвртиот гем, а Умбер возврати со иста мерка во наредниот гем. Нов брејк Мареј направи во 12 гем што му донесе израмнување на резултатот.
Во решавачкиот сет Британецот на стартот му го одзеде сервисот на противникот поведе со 3:0, а потоа со уште еден брејк се пласираше во финалето.
На турнирто во Антверпен Мареј дојде како 243 играч во светот.
ANDY. IS. BACK ?@andy_murray reaches his first ATP Tour final since March 2017, defeating Humbert 3-6 7-5 6-2 at @EuroTennisOpen – setting up a blockbuster final with Stan Wawrinka! pic.twitter.com/BtrdBv5Mpb
— Tennis TV (@TennisTV) October 19, 2019