Предизвикувачот за титулите во тешка категорија, Кубрат Пулев беше обвинет за расизам, откако го опиша својот противник, шампионот Ентони Џошуа како „човек со подобар тен од мене“.
39-годишниот бугарски тешкаш ќе го предизвика Џошуа за ВБА, ИБФ и ВБО титулите на 12 декември по неколку одложувања поради пандемијата на КОВИД-19.
„Неговата сила? Секако, има фантастично моќен удар. Друга силна страна? Па, има подобар тен од мене“, изјави Пулев.
Ваква изјава за Џошуа, кој има нигериско и ирско потекло, предизвика бура реакции кај англиските боксерски фанови и медиуми, кои веднаш потсетија на контроверзниот фудбалски меч во Софија минатата година, кога Англија ја победи Бугарија со 0:6, но тоа беше во сенка на расистичкото навивање на дел од навивачите, за што добија казна од УЕФА.
За Кубрат ова не е прва ваква контроверза – минатата година мораше да се извинува и да плати казна откако ја бакна новинарката Џенифер Равало додека даваше интервју по победата над Романецот Богдан Дину.
Боксерот кој бакна новинарка сред интервју е казнет парично, а ќе оди и на курс