Top Sport

Ребензбург доминира во велеслаломот (видео)

Германката Викторија Ребензбург покажа дека е апсолутната фаворитка за олимпиското велеслаломско злато во Пјеонгчанг во февруари, откако во американскиот Килингтон стигна до својата втора победа во втората трка во велеслалом од Светскиот куп.

До 15. победа во кариерата, олимписката шампионка од 2010 година, стигна откако на ски-центарот во Вермонт, на Источниот брег на САД, постави најдобро време и во првото и во второто возење за триумф пред Американката Микаела Шифрин и италијанската ветеранка Мануела Мелг.

Ребензбург сега е првата скијачка која победува на првите две велеслаломски трки од една сезона од Светскиот куп по Словенката Тина Мазе во 2012/13 (Мазе тогаш победи на четири во низа).

Шифрин ќе има шанси да ја брка првата победа оваа сезона утре, кога на истата патека се вози слаломска трка.

Првата трка за Ребензбург, Вон со „скромно“ враќање

Scroll to Top