Top Sport

Рејмонд победи во Охрид, Поп Ацев втор

Актуелниот светски првак, Французинот Аксел Рејмонд победи на Ултра маратонот на 25 километри, што се одржа денеска на Охридското Езеро. Тој патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за 5.20.55ч.

Инаку, 25-годишниот Аксел Рејмон триумфираше во Охрид и во 2013 година.

33 издание на маратонската трка во водите на Охридското езеро, на второто место ја заврши Евгениј Поп Ацев (05:21:03).

Македонскиот маратонец со овие бодови изби на првото место во вкупниот пласман пред Италијанецот Стокино, кој во Охрид заврши на делба на четвртото место заедно со Холанѓанецот Марсел Шоутен.

Трет беше минато годишниот победник Франческо Џетини од Италија.

Маратонот во Охрид е четврта трка во рамките од Ултра пливачка серија под капата на Фина. До крајот на сезоната има уште две трки, во Хрватска и Италија.

Вкупниот награден фонд на 33-от Охридски пливачки маратон е 15 000 долари. Покровител на маратонот е претседателот на државата Стево Пендаровски.

извор/ohridnews.com
фото/архива topsport

Scroll to Top