Македонскиот одбојкарски првак Струмица Никоб засилено се подготвува за утрешниот втор натпревар против холандскиот Динамо Драисма Апелдорн во квалификациите на Лигата на шампионите во одбојка. Тренерот Кире Ричлиев е оптимист, со оглед дека тимот сега ќе бидат и тројцата руски одбојкари кои не добија визи за настап на првиот меч во Холандија.
„На вториот натпревар ќе бидеме посилни со играњето на Русите Злобин, Лобурин и Михајлов и се надевам дека со поддршка на публиката ќе може да направиме подвиг и да извојуваме победа од 3:0 или 3:1 во сетови и златниот сет да го реши победникот во овој дуел“, изјави тренерот Кирил Ричлиев.
Мечот е закажан за утре, во салата на СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 19 часот, а организиран е бесплатен превоз од Струмица со тргнување од 16 часот. Влезот за сите љубители на одбојката е слободен.