Поранешниот светски рекет број 1, Марсело Риос никогаш не бил човек кој се плашел да го каже своето мислење, така што не за зачудување што Чилеанецот влезе во остар напа на светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ и неговата одлука да не се вакцинира против КОВИД-19, нарекувајќи го „крал на глупоста“.
Ѓоковиќ во јануари не успеа да влезе во Австралија и да ја брани титулата од гренд слемот во Мелбурн откако одби да се вакцинира, по што неговиот лут ривал Рафа Надал ја освои рекорната 21. гренд слем титула во негово отсуство. Ѓоковиќ инсистира дека нема да се вакцинира, иако тоа може да значи дека нема да може да игра на гренд слем турнирите во Велика Британија и САД.
Риос, кој во кариерата играше едно гренд слем финале на Австралија опен во 2008, нема симптии кон Србинот.
„Тоа е глупаво, ќе ја пропушти трката за гренд слем титули и нема да стане најдобар во историјата поради вакцина. И јас на почеток размислував како него, но кога почнав повторно да патувам, решив д се вакцинирам. Не му ги знам причините, но ако се обидуваш да станеш најдобар во историјата и ќе се откажеш поради вакцина, тогаш си крал на глупоста. Прво мислев дека се работи за страв, но сега сум сигурен дека тој едноставно е премногу арогантен“, вели Риос во интервју за весникот „Ла терсера“.