Иако се стравува дека целата сезона на земја ќе биде „жртва“ на корона вирусот, организаторите на Ролан Гарос тврдат дека немаат планови да го откажат вториот гренд слем од сезоната.
Во четвртокот, АТП, заедно со ВТА и ИТФ објавија шестнеделна пауза во професионалната турнеја поради корона вирусот, но постои верување дека нема шанси да се оддржи и Ролан Гарос, кој на распоредот е од 24 мај до 7 јуни.
„Има уште неколку месеци до турнирот и засега немаме намера да го откажеме турнирот. Француската тениска федерација (ФФТ) ќе ги следи препораките на француската влада при било која одлука“, велат од Ролан Гарос на Твитер.