Машката одбојкарска репрезентација на Русија ја одбани титулата во Лигата на нации. Русите во финалето на завршниот турнир, во Чикаго, ги совладаа домаќините САД со 3:1 (25:23, 20:25, 25:21, 25:20).
Првиот сет во финалето донесе најмногу возбудувања, о добија Русите по голема борба. Американците возвратија во вториот, го искористија падот во играта на Русија и сигурно го освоија сетот со што го израмнија резултатот.
До крајот тоа беше се од Американците, Русите доминираа во третиот и четвртиот сет и на крајот ја одбранија титулата освоена минатата година во Франција.
Дмитри Волков ја предводеше Русија со 17 поени, три повеќе од Егор Клиука. На спротивната страна Техлор Сандер освои 20 поени, а поен помалу забележа Мет Андресон.
Андерсон на крајот беше прогласен за МВП на завршниот турнир.