Белорусинката Арина Сабаленка со 6:4/6:2 ја декласираше првата носителка Кики Бертенс за да ја освои својата трета титула во 2019 на ВТА Елит трофејот во Жухаи, Кина, последниот редовен ВТА турнир оваа сезона.
Сабаленка, која освои уште две кинески титули во 2019 (Шенжен и Вухан), немаше проблеми против Холанѓанката, правејќи три брејка во 76-минутниот меч.
„Очигледно ми се допаѓа да играм во Кина, и Кина ме сака мене. Ова беше луда година и среќна сум што завршувам со титула“, вели Сабаленка.
Сабаленка нема да има време за одмор, бидејќи веднаш патува на ВТА финалето во Шенжен, каде што со Белгијката Елизе Мертенс се први носителки во двојки и го играат првиот меч веќе утре.